композиција
Значење на композиција:
1. Начин на поврзување на елементите и деловите на едно уметничко дело. Композиција на роман. Сликаше композиции, по некој пејзаж и портрет.
2. (муз.) а) Музичко дело. Оркестарска композиција. Испеј една композиција. б) Теорија на создавање музички дела.
3. а) Низа од железнички вагони во еден состав што ја влече локомотива. Пристигна една композиција со бегалци. б) Распоред на разни елементи на определен простор во некоја просторија итн.
4. Склоп, состав од различни елементи (во легури, хемиски соединенија и сл.).
Множина: композиции.
Изведени зборови:
- композициски, прид. композицискиот Композициско начело. Композициски план.
- композициски, прил. Работата е композициски добро обмислена.
Оригинални податоци:
композиција, мн. композиции ж. 1. Начин на поврзување на елементите и деловите на едно уметничко дело. Композиција на роман. Сликаше композиции, по некој пејзаж и портрет. 2. (муз.) а) Музичко дело. Оркестарска композиција. Испеј една композиција. б) Теорија на создавање музички дела. 3. а) Низа од железнички вагони во еден состав што ја влече локомотива. Пристигна една композиција со бегалци. б) Распоред на разни елементи на определен простор во некоја просторија итн. 4. Склоп, состав од различни елементи (во легури, хемиски соединенија и сл.). ‖ композициски, композицискиот прид. Композициско начело. Композициски план. ‖ композициски прил. Работата е композициски добро обмислена.