кон

Предлог

Значење на кон:

1. Насока, правец на движење. Одеа кон фабриката со забрзани чекори. Орелот леташе кон планинските врвови.

2. Насоченост, остварување на одредена цел. Да пристапиме кон поединечно изјаснување за предлогот. Поттик кон заедничко извршување на обврските.

3. Значење на приближност за: а) место, простор. Кон крајот на улицата никнува уште една дивоградба. б) време. Ќе се вратам кон пладне. Се подготвуваат да го повторат подвигот кон крајот на месецот. в) количество. Бројот на молзните крави е веќе кон триста.

4. Значење на присоединување, приклучување, додавање. Цел ден го подготвуваа анексот кон договорот. Кон прашањето за економската емиграција по балканските војни.

5. Однос спрема некого или нешто. Бидете коректни кон војниците, немојте да ги провоцирате. Нетрпеливоста кон новиот шеф јавно ја манифестираше.

Оригинални податоци:

кон предл. 1. Насока, правец на движење. Одеа кон фабриката со забрзани чекори. Орелот леташе кон планинските врвови. 2. Насоченост, остварување на одредена цел. Да пристапиме кон поединечно изјаснување за предлогот. Поттик кон заедничко извршување на обврските. 3. Значење на приближност за: а) место, простор. Кон крајот на улицата никнува уште една дивоградба. б) време. Ќе се вратам кон пладне. Се подготвуваат да го повторат подвигот кон крајот на месецот. в) количество. Бројот на молзните крави е веќе кон триста. 4. Значење на присоединување, приклучување, додавање. Цел ден го подготвуваа анексот кон договорот. Кон прашањето за економската емиграција по балканските војни. 5. Однос спрема некого или нешто. Бидете коректни кон војниците, немојте да ги провоцирате. Нетрпеливоста кон новиот шеф јавно ја манифестираше.