концентрира
Значење на концентрира:
1. Сосредоточи, сосредоточува, собере, собира на едно место. Грозјето концентрира многу шеќер.
2. (хем.) Згусне, згуснува.
3. За руда – пречисти, пречистува, збогати, збогатува.
Коњугација: концентрираат , концентрирајќи.
Изведени зборови:
- концентрирање, глаг. им. ср.
- се ~ концентрира, Се сосредоточи, се прибере, си ги среди мислите. Се концентрираше над работата.
Оригинални податоци:
концентрира, концентрираат; концентрирајќи св. и несв. 1. Сосредоточи, сосредоточува, собере, собира на едно место. Грозјето концентрира многу шеќер. 2. (хем.) Згусне, згуснува. 3. За руда – пречисти, пречистува, збогати, збогатува. ● се ~ Се сосредоточи, се прибере, си ги среди мислите. Се концентрираше над работата. ‖ глаг. им. концентрирање ср.