конец 1
Значење на конец:
Усукани нишки (две или неколку) со еднаква дебелина по целата должина од памук, волна, свила или вештачки материјал што се користи за плетење, шиење, ткаење. Шие со игла и конец. Рибарски конец. Конец за шиење. Медицински конец.Множина: конци.
Изведени зборови:
- конче, и. ср. дем и хип.
Фразеолошки израз / поговорка:
Од конец ортома прави – ги увеличува работите, претерува. Ги држи конците во свои раце – ја држи власта, управува. Животот му виси на конец – животот му е во опасност. Како по конец – многу прецизно; праволиниски. Му ги смрси конците – му ги расипа сметките, плановите. Скина конци – (разг., грубо) почина. Виси на конец – се наоѓа во голема опасност.
Оригинални податоци:
конец1, мн. конци м. Усукани нишки (две или неколку) со еднаква дебелина по целата должина од памук, волна, свила или вештачки материјал што се користи за плетење, шиење, ткаење. Шие со игла и конец. Рибарски конец. Конец за шиење. Медицински конец. ◊ Од конец ортома прави – ги увеличува работите, претерува. Ги држи конците во свои раце – ја држи власта, управува. Животот му виси на конец – животот му е во опасност. Како по конец – многу прецизно; праволиниски. Му ги смрси конците – му ги расипа сметките, плановите. Скина конци – (разг., грубо) почина. Виси на конец – се наоѓа во голема опасност. ‖ конче, мн. кончиња ср. дем и хип.