коњ
Значење на коњ:
1. (зоол.) Крупно домашно животно од редот на копитарите што се одгледува за работа, транспорт или спорт; Equus caballus. Товарен коњ. Чистокрвен коњ. Верен коњ. Го јавна коњот.
2. (спорт.) Гимнастичка направа за вежбање.
3. Шаховска фигура што се влече во форма на буквата Г.
4. (техн., разг.) Коњска сила. Колку коњи има моторот?
5. (разг., пејор.) Тој што работи нешто лошо, што се однесува грубо, несмасно; глупак. Полека, коњу еден. Коњу еден, ништо не знаеш.
Множина: коња, коњи.
Изведени зборови:
- коњиште, и. ср. аугм. Коњиштето беше страв и трепет во селото.
- коњче, и. ср. 1. дем. кон зн. 1. Децата си играа со коњчето по цел ден. 2. Дрвена или друга направа во вид на коњ, за детска забава.
Фразеолошки израз / поговорка:
Морски коњ – морски цицач со тешко масивно тело, куси нозе, два долги надолу издадени заба и со остри мустаќи на муцката, морж; Odobaenus rosmarus. Нилски коњ – тревопасен цицач во водите на тропска Африка; Hippopotamus amphibius. На подарен коњ забите не му се гледаат – на подарокот маани не му се бараат. (Сега) сум (си, е ...) на коњ – по поминати тешкотии сум во добра положба. Од коњ на магаре – падна од подобро на полошо.
Оригинални податоци:
коњ, мн. коњи, избр. мн. коња м. 1. (зоол.) Крупно домашно животно од редот на копитарите што се одгледува за работа, транспорт или спорт; Equus caballus. Товарен коњ. Чистокрвен коњ. Верен коњ. Го јавна коњот. 2. (спорт.) Гимнастичка направа за вежбање. 3. Шаховска фигура што се влече во форма на буквата Г. 4. (техн., разг.) Коњска сила. Колку коњи има моторот? 5. (разг., пејор.) Тој што работи нешто лошо, што се однесува грубо, несмасно; глупак. Полека, коњу еден. Коњу еден, ништо не знаеш. ◊ Морски коњ – морски цицач со тешко масивно тело, куси нозе, два долги надолу издадени заба и со остри мустаќи на муцката, морж; Odobaenus rosmarus. Нилски коњ – тревопасен цицач во водите на тропска Африка; Hippopotamus amphibius. На подарен коњ забите не му се гледаат – на подарокот маани не му се бараат. (Сега) сум (си, е ...) на коњ – по поминати тешкотии сум во добра положба. Од коњ на магаре – падна од подобро на полошо. ‖ коњче, мн. коњчиња ср. 1. дем. кон зн. 1. Децата си играа со коњчето по цел ден. 2. Дрвена или друга направа во вид на коњ, за детска забава. ‖ коњиште, мн. коњишта ср. аугм. Коњиштето беше страв и трепет во селото.