конјугација
Значење на конјугација:
1. (грам.) Промена на глаголот по лице, број и време.
2. (биол.) Оплодување кај некои алги и едноклеточни животни.
Изведени зборови:
- конјугациски, прид. конјугацискиот Конјугациски групи.
Оригинални податоци:
конјугација ж. 1. (грам.) Промена на глаголот по лице, број и време. 2. (биол.) Оплодување кај некои алги и едноклеточни животни. ‖ конјугациски, конјугацискиот прид. Конјугациски групи.