консеквенција

Именка, женски род

Значење на консеквенција:

1. Суд, заклучок што логично произлегува од некоја претпоставка. Од сето ова можат да се изведат некои теориски консеквенции.

2. Доследност, консеквентност. Не знам дали железната консеквенција е најголема човечка одлика.

3. Последица. Сам треба да ги сноси консеквенциите.

Множина: консеквенции.

Оригинални податоци:

консеквенција, мн. консеквенции ж. 1. Суд, заклучок што логично произлегува од некоја претпоставка. Од сето ова можат да се изведат некои теориски консеквенции. 2. Доследност, консеквентност. Не знам дали железната консеквенција е најголема човечка одлика. 3. Последица. Сам треба да ги сноси консеквенциите.