конструкција

Именка, женски род

Значење на конструкција:

1. Меѓусебен распоред на деловите и елементите на некоја целина, состав при градење; изградена целина, строеж. Дрвена конструкција на мост.

2. (грам.) Состав, ред, распоред на зборовите во реченицата. Реченична конструкција со пасивно значење.

3. (геом.) Цртање на геометриски фигури и тела со помош на линијар и шестар.

4. Состав, градба на телото. Телесна конструкција.

5. (прен.) Самоволно, искривено пренесување на туѓо искажување, текст и сл.; неточно претставување на определен настан, состојба. Се урна неговата конструкција за резултатите на претпријатието.

Множина: конструкции.

Изведени зборови:

  • конструкциски, прид. конструкцискиот Конструкциско решение. Конструкциска работа.

Оригинални податоци:

конструкција, мн. конструкции ж. 1. Меѓусебен распоред на деловите и елементите на некоја целина, состав при градење; изградена целина, строеж. Дрвена конструкција на мост. 2. (грам.) Состав, ред, распоред на зборовите во реченицата. Реченична конструкција со пасивно значење. 3. (геом.) Цртање на геометриски фигури и тела со помош на линијар и шестар. 4. Состав, градба на телото. Телесна конструкција. 5. (прен.) Самоволно, искривено пренесување на туѓо искажување, текст и сл.; неточно претставување на определен настан, состојба. Се урна неговата конструкција за резултатите на претпријатието. ‖ конструкциски, конструкцискиот прид. Конструкциско решение. Конструкциска работа.