контаминација

Именка, женски род

Значење на контаминација:

1. Загадување со отровни, радиоактивни материи или со заразни бактерии. Радиоактивна контаминација на земјиштето.

2. Спојување на разнородни елементи; спој, стопување. Во традицијата често има контаминација помеѓу песна и предание.

3. (лингв.) Спојување на елементи од различно потекло во еден збор. Зборот качамак, преку контаминација со каша, во некои говори се изменил во кашамак.

Оригинални податоци:

контаминација ж. 1. Загадување со отровни, радиоактивни материи или со заразни бактерии. Радиоактивна контаминација на земјиштето. 2. Спојување на разнородни елементи; спој, стопување. Во традицијата често има контаминација помеѓу песна и предание. 3. (лингв.) Спојување на елементи од различно потекло во еден збор. Зборот качамак, преку контаминација со каша, во некои говори се изменил во кашамак.