конвенција

Именка, женски род

Значење на конвенција:

1. Меѓународна спогодба за некои важни прашања од правна, економска, политичка и др. природа. Двете земји се обврзаа со конвенција.

2. Општоприфатено правило или систем од правила. Правописот е една конвенција.

3. Заседание, собир. Предизборната конвенција на партијата се одржа во Универзална сала.

Множина: конвенции.

Оригинални податоци:

конвенција, мн. конвенции ж. 1. Меѓународна спогодба за некои важни прашања од правна, економска, политичка и др. природа. Двете земји се обврзаа со конвенција. 2. Општоприфатено правило или систем од правила. Правописот е една конвенција. 3. Заседание, собир. Предизборната конвенција на партијата се одржа во Универзална сала.