конзервација
Само во еднина.
Значење на конзервација:
1. Одржување, чување и заштита на материјалното културно наследство (уметнички дела, објекти, книги итн.) од пропаѓање. Архитектите се посветиле на конзервација на спомениците на културата.
2. Изведување посебни мерки на заштита и чување на техничко средство, производствен погон и сл. во време на неработење.
3. Постапка со која се спречува за некое време расипувањето на лесно расипливи материи.
Оригинални податоци:
конзервација (само едн.) ж. 1. Одржување, чување и заштита на материјалното културно наследство (уметнички дела, објекти, книги итн.) од пропаѓање. Архитектите се посветиле на конзервација на спомениците на културата. 2. Изведување посебни мерки на заштита и чување на техничко средство, производствен погон и сл. во време на неработење. 3. Постапка со која се спречува за некое време расипувањето на лесно расипливи материи.