копа
Значење на копа:
1. Обработува земја со мотика, копач и сл. Копа во градината. Копа лозје.
2. Отстранува земја по длабочина, прави јама, дупка. Копа бунар.
3. Вади, добива нешто од земјата, ископува. Копа руда.
4. За животни – рие во земјата, прави дупки, ходници.
5. (прен.) Бара податоци, факти и сл., пребарува, проучува. Копа во архивите.
6. Удира со нога по земјата (за коњ и др.). Копа со копитото.
Коњугација: копаат.
Изведени зборови:
- копање, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Ѓаволот ни ора ни копа – опасноста секогаш демне. Копа гроб (некому) – сака да упропасти некого. Кој копа гроб другему, сам паѓа во него (посл.) – кој сака да направи зло некому, самиот од зло ќе страда.
Оригинални податоци:
копа, копаат несв. 1. Обработува земја со мотика, копач и сл. Копа во градината. Копа лозје. 2. Отстранува земја по длабочина, прави јама, дупка. Копа бунар. 3. Вади, добива нешто од земјата, ископува. Копа руда. 4. За животни – рие во земјата, прави дупки, ходници. 5. (прен.) Бара податоци, факти и сл., пребарува, проучува. Копа во архивите. 6. Удира со нога по земјата (за коњ и др.). Копа со копитото. ◊ Ѓаволот ни ора ни копа – опасноста секогаш демне. Копа гроб (некому) – сака да упропасти некого. Кој копа гроб другему, сам паѓа во него (посл.) – кој сака да направи зло некому, самиот од зло ќе страда. ‖ глаг. им. копање ср.