копач

Именка, машки род

Значење на копач:

1. Тој што копа земја, што копа во рудник итн. Работи како копач на бунари.

2. Издолжена тешка метална алатка за копање тврда почва, за копачење итн., од едната страна рамна, од другата зашилена, со долга цврста дрвена рачка во средината. Со копачи и лопати ги ископаа темелите.

Множина: копачи.

Изведени зборови:

  • копачки, прид. копачкиот Што се однесува на копач 1.

Оригинални податоци:

копач, мн. копачи м. 1. Тој што копа земја, што копа во рудник итн. Работи како копач на бунари. 2. Издолжена тешка метална алатка за копање тврда почва, за копачење итн., од едната страна рамна, од другата зашилена, со долга цврста дрвена рачка во средината. Со копачи и лопати ги ископаа темелите. ‖ копачки, копачкиот прид. Што се однесува на копач 1.