копче
Значење на копче:
1. Дем. од копец.
2. Метална или пластична направа за составување, закопчување алишта; петлица. Ги закопча копчињата на кошулата. Ги сошив копчињата.
3. Направа што служи за вклучување или регулирање на нешто со вртење или притискање. Го врти копчето на радиото. Го вклучува електричното копче.
Множина: копчиња.
Изведени зборови:
- копченце, и. ср. дем.
Оригинални податоци:
копче, мн. копчиња ср. 1. Дем. од копец. 2. Метална или пластична направа за составување, закопчување алишта; петлица. Ги закопча копчињата на кошулата. Ги сошив копчињата. 3. Направа што служи за вклучување или регулирање на нешто со вртење или притискање. Го врти копчето на радиото. Го вклучува електричното копче. ‖ копченце, мн. копченца ср. дем.