копија

Именка, женски род

Значење на копија:

1. Точен препис на некој текст или документ. Копија на тестаментот.

2. Тоа што е изработено по угледот на нешто; репродукција, отпечаток. На изложбата беа изложени копии, а не оригинали.

3. (разг.) Сличност со некој друг. Детево е копија на дедо си.

4. Повторување на нешто, отсуство на оригиналност; имитација.

5. Фотокопија направена на фотокопир.

Множина: копии.

Оригинални податоци:

копија, мн. копии ж. 1. Точен препис на некој текст или документ. Копија на тестаментот. 2. Тоа што е изработено по угледот на нешто; репродукција, отпечаток. На изложбата беа изложени копии, а не оригинали. 3. (разг.) Сличност со некој друг. Детево е копија на дедо си. 4. Повторување на нешто, отсуство на оригиналност; имитација. 5. Фотокопија направена на фотокопир.