кора

Именка, женски род

Значење на кора:

1. Надворешна обвивка на дрво што ја штити беловината. Ја засече кората на брезата.

2. Надворешна обвивка на плод; лушпа, корупка. Кората од лимон се ренда во слатки. Лесно се двои кората од мездрето.

3. Стврднат дел на површината на нешто. Земјина кора.

4. (анат.) Надврешен дел на некои орган кај живите организми. Кора на големиот мозок.

5. Надворешен, тврд дел на печиво, добиен со печење. Лебот е најубав со крцкава кора.

6. а) Истенчено тесто за јадење што се прави од такви елементи, пита, баклава баница и сл. б) Јадење од такви кори. Усука кора со праз.

7. (само мн.) Јуфки. Суши на сонце кори и тарана.

Множина: кори.

Изведени зборови:

  • коричка, и. ж. дем и хип.

Оригинални податоци:

кора, мн. кори ж. 1. Надворешна обвивка на дрво што ја штити беловината. Ја засече кората на брезата. 2. Надворешна обвивка на плод; лушпа, корупка. Кората од лимон се ренда во слатки. Лесно се двои кората од мездрето. 3. Стврднат дел на површината на нешто. Земјина кора. 4. (анат.) Надврешен дел на некои орган кај живите организми. Кора на големиот мозок. 5. Надворешен, тврд дел на печиво, добиен со печење. Лебот е најубав со крцкава кора. 6. а) Истенчено тесто за јадење што се прави од такви елементи, пита, баклава баница и сл. б) Јадење од такви кори. Усука кора со праз. 7. (само мн.) Јуфки. Суши на сонце кори и тарана. ‖ коричка, мн. корички ж. дем и хип.