корал 2
Значење на корал:
1. Морско неподвижно животно од родот на полипите што живее прикачено на карпи во големи групи; Anthozoa.
2. Црвен, розов или бел камен од варовнички скелет на корал што се обработува и се користи како украс. На градите ѝ блескаа рујни корали.
Множина: корали.
Изведени зборови:
- коралски, прид. коралскиот Коралски острови.
Оригинални податоци:
корал2, мн. корали м. 1. Морско неподвижно животно од родот на полипите што живее прикачено на карпи во големи групи; Anthozoa. 2. Црвен, розов или бел камен од варовнички скелет на корал што се обработува и се користи како украс. На градите ѝ блескаа рујни корали. ‖ коралски, коралскиот прид. Коралски острови.