корен

Именка, машки род

Значење на корен:

1. Подземниот дел на растението со чија помош стои прицврстено и извлекува хранливи материи и вода, неопходни за него. Дрвото има развиен корен. Розата пуштила длабоки корења.

2. Дел од влакно, нерв, нокот или заб што е враснат во ткивото на организмот. Се скрши забот, коренот остана. Ја искорна косата од корен.

3. а) Долен дел од некои органи од кој како да расте, да никне органот. Во коренот на јазикот. б) Основата на некои израстоци на телото кај човек или кај животно. Чирот фати корен.

4. За цвеќе, зеленчук и дрво – именување на целото растение како единица; страк, стебло. Пет корена пипер. Три корена кајсии.

5. (прен.) Почеток на нешто. Коренот на проблемот е во минатото.

6. (прен.) Потекло на нешто, род. Корените ми се од село. Има аристократски корени.

7. (грам.) Непроменлив дел од зборот, без претставки и наставки, што го носи основното значење.

8. (мат.) Големина, која подигната на одреден степен го потенцира веќе дадениот број. Квадратен корен.

Множина: корена, корени, корења, корење.

Изведени зборови:

  • корениште, и. ср. аугм.
  • коренски, прид. коренскиот Што се однесува на корен.
  • коренче, и. ср. дем.

Фразеолошки израз / поговорка:

Воздушен корен – корен што е над земјата. Искорне од корен нешто / Го пресече во коренот – уништи нешто на почетокот не дозволувајќи да се развие. Од корен промени – целосно промени. Пушти корени – се зацврсти на нешто, се задржи подолго време на едно место.

Оригинални податоци:

корен, мн. корени, избр. мн. корена, зб. мн. корења, корење м. 1. Подземниот дел на растението со чија помош стои прицврстено и извлекува хранливи материи и вода, неопходни за него. Дрвото има развиен корен. Розата пуштила длабоки корења. 2. Дел од влакно, нерв, нокот или заб што е враснат во ткивото на организмот. Се скрши забот, коренот остана. Ја искорна косата од корен. 3. а) Долен дел од некои органи од кој како да расте, да никне органот. Во коренот на јазикот. б) Основата на некои израстоци на телото кај човек или кај животно. Чирот фати корен. 4. За цвеќе, зеленчук и дрво – именување на целото растение како единица; страк, стебло. Пет корена пипер. Три корена кајсии. 5. (прен.) Почеток на нешто. Коренот на проблемот е во минатото. 6. (прен.) Потекло на нешто, род. Корените ми се од село. Има аристократски корени. 7. (грам.) Непроменлив дел од зборот, без претставки и наставки, што го носи основното значење. 8. (мат.) Големина, која подигната на одреден степен го потенцира веќе дадениот број. Квадратен корен. ◊ Воздушен корен – корен што е над земјата. Искорне од корен нешто / Го пресече во коренот – уништи нешто на почетокот не дозволувајќи да се развие. Од корен промени – целосно промени. Пушти корени – се зацврсти на нешто, се задржи подолго време на едно место. ‖ коренче, мн. коренчиња ср. дем. ‖ корениште, мн. кореништа ср. аугм. ‖ коренски, коренскиот прид. Што се однесува на корен.