коригира
Значење на коригира:
1. Поправи, поправа грешка воопшто. Ги коригира сопствените заблуди.
2. Поправи, поправа грешки во текст. Јазично ги коригира сите дописи.
Коњугација: коригираат , коригирајќи.
Изведени зборови:
- коригирање, глаг. им. ср.
- се ~ коригира, Се поправи, се поправа во однесувањето, во работата и сл.
Оригинални податоци:
коригира, коригираат; коригирајќи св. и несв. 1. Поправи, поправа грешка воопшто. Ги коригира сопствените заблуди. 2. Поправи, поправа грешки во текст. Јазично ги коригира сите дописи. ● се ~ Се поправи, се поправа во однесувањето, во работата и сл. ‖ глаг. им. коригирање ср.