корпус
Значење на корпус:
1. Тело на човек или животно.
2. Основниот дел на машина или механизам на кој се монтираат другите делови. Корпус на авионот.
3. Целина, збир. Корпус на народни песни. Лексички корпус.
4. Збир на луѓе од иста струка, сталеж.
5. (војн.) Голема формација што се состои од неколку дивизии или бригади. Заседава штабот на корпусот.
Множина: корпуси.
Фразеолошки израз / поговорка:
Корпус деликти – предмет што ја докажува вината.
Оригинални податоци:
корпус, мн. корпуси м. 1. Тело на човек или животно. 2. Основниот дел на машина или механизам на кој се монтираат другите делови. Корпус на авионот. 3. Целина, збир. Корпус на народни песни. Лексички корпус. 4. Збир на луѓе од иста струка, сталеж. 5. (војн.) Голема формација што се состои од неколку дивизии или бригади. Заседава штабот на корпусот. ◊ Корпус деликти – предмет што ја докажува вината.