кош
Значење на кош:
1. Сад со различна форма и големина, сплетен од врбови или други гранки. Кошовите се полни со јачмен. Носи плетен кош на рамо.
2. (спорт.) а) Во кошарката – обрач со мрежа без дно поставен на одредена висина во којшто се уфрла топката. Играчите ја фрлаа топката во кошот. б) Погодок со топката во обрачот.
3. Врша за ловење риби. Рибата влезе во кошот. Го полнел рибарскиот кош со риби.
Множина: кошови.
Алтернативно: кошеви
Фразеолошки израз / поговорка:
Граден кош – горниот дел од трупот во кој се сместени белите дробови и срцето. Стави во ист кош – стави нешто важно, вредно кон помалку важно, помалку вредни нешта; обезвредни.
Оригинални податоци:
кош, мн. кошови и кошеви м. 1. Сад со различна форма и големина, сплетен од врбови или други гранки. Кошовите се полни со јачмен. Носи плетен кош на рамо. 2. (спорт.) а) Во кошарката – обрач со мрежа без дно поставен на одредена висина во којшто се уфрла топката. Играчите ја фрлаа топката во кошот. б) Погодок со топката во обрачот. 3. Врша за ловење риби. Рибата влезе во кошот. Го полнел рибарскиот кош со риби. ◊ Граден кош – горниот дел од трупот во кој се сместени белите дробови и срцето. Стави во ист кош – стави нешто важно, вредно кон помалку важно, помалку вредни нешта; обезвредни.