кошула
Значење на кошула:
1. Машка облека со ракави за горниот дел од телото што се носи под палто, пуловер и сл. Кошула со куси ракави. Го дарува свекорот со кошула.
2. Женска или детска облека што го покрива горниот дел од телото. Сосетката си купи цветна кошула.
3. (арх.) Долга лесна платнена облека што го покрива поголемиот дел од телото. Невестинска кошула. Спие по кошула.
Множина: кошули.
Изведени зборови:
- кошулче, и. ср. дем. и хип.
Оригинални податоци:
кошула, мн. кошули ж. 1. Машка облека со ракави за горниот дел од телото што се носи под палто, пуловер и сл. Кошула со куси ракави. Го дарува свекорот со кошула. 2. Женска или детска облека што го покрива горниот дел од телото. Сосетката си купи цветна кошула. 3. (арх.) Долга лесна платнена облека што го покрива поголемиот дел од телото. Невестинска кошула. Спие по кошула. ‖ кошулче, мн. кошулчиња ср. дем. и хип.