коси 1

Глагол, несвршен

Значење на коси:

1. Сече трева, жито и сл. со коса или со косилка. Коси жито. Коси трева.

2. (прен.) Убива масовно. Војната коси луѓе. Коси со шмајзерот.

3. (прен.) За ветер – носи со сета сила. Луњите коселе сѐ пред себе.

Коњугација: косат.

Изведени зборови:

  • косење, глаг. им. ср.
  • се ~ коси, Се спротивставува, влегува во костец. Се коси со нашите принципи.

Оригинални податоци:

коси1, косат несв. 1. Сече трева, жито и сл. со коса или со косилка. Коси жито. Коси трева. 2. (прен.) Убива масовно. Војната коси луѓе. Коси со шмајзерот. 3. (прен.) За ветер – носи со сета сила. Луњите коселе сѐ пред себе. ● се ~ Се спротивставува, влегува во костец. Се коси со нашите принципи. ‖ глаг. им. косење ср.