коска
Значење на коска:
1. Одделен тврд дел од скелетот на човек или на животно. Клучна коска. Коски на главата.
2. (разг; само мн.) Тоа што останало од некого; посмртни останки. Ги закопа коските на јунаците.
3. Внатрешниот дел од некои плодови, кој е многу тврд и ја содржи семката. Коска од цреша. Коска од слива.
4. (прен.) Многу јако, многу квалитетно, многу добро изработено. Штофот е коска.
Множина: коски.
Изведени зборови:
- коскиче, и. ср. мн. коскичиња ; ковче, мн. ковчиња дем.
- коскиште, и. ср. аугм.
Фразеолошки израз / поговорка:
Кожа и коски – многу слаб човек. Коските ми (му, ѝ, ...) ги искрши – претепа некого. Мртва коска – ковчест израсток на телото. Ги остави коските – умре, загине некаде; го помина животот некаде. Слонова коска – заб на слон; изработен предмет од таков заб. Стара коска – стар, искусен човек. Широка коска – крупен, плеќест човек. Јазикот коски нема, ама коски крши – јазикот може многу да навреди.
Оригинални податоци:
коска, мн. коски ж. 1. Одделен тврд дел од скелетот на човек или на животно. Клучна коска. Коски на главата. 2. (разг; само мн.) Тоа што останало од некого; посмртни останки. Ги закопа коските на јунаците. 3. Внатрешниот дел од некои плодови, кој е многу тврд и ја содржи семката. Коска од цреша. Коска од слива. 4. (прен.) Многу јако, многу квалитетно, многу добро изработено. Штофот е коска. ◊ Кожа и коски – многу слаб човек. Коските ми (му, ѝ, ...) ги искрши – претепа некого. Мртва коска – ковчест израсток на телото. Ги остави коските – умре, загине некаде; го помина животот некаде. Слонова коска – заб на слон; изработен предмет од таков заб. Стара коска – стар, искусен човек. Широка коска – крупен, плеќест човек. Јазикот коски нема, ама коски крши – јазикот може многу да навреди. ‖ коскиче, мн. коскичиња ср.; ковче, мн. ковчиња ср. дем. ‖ коскиште, мн. коскишта ср. аугм.