космополитизам

Именка, машки род

Само во еднина.

Значење на космополитизам:

Политичко уверување според кое човекот треба да гради хумани општочовечки односи без оглед на националните, верските и државните граници.

Членувана форма: космополитизмот.

Изведени зборови:

  • космополитски, прид. космополитскиот Што се однесува на космополит и на космополитизам. Космополитски дух. Космополитски теми.

Оригинални податоци:

космополитизам, космополитизмот (само едн.) м. Политичко уверување според кое човекот треба да гради хумани општочовечки односи без оглед на националните, верските и државните граници. ‖ космополитски, космополитскиот прид. Што се однесува на космополит и на космополитизам. Космополитски дух. Космополитски теми.