костреши се

Глагол, несвршен

Значење на костреши се:

1. За животни, птици – подига тело, влакна, пердуви. Перјата му се кострешеа.

2. За коса и веѓи – неуредно стрчи на разни страни. Над очите се кострешеа црни веѓи.

3. (прен.) Покажува надменост, сила; се јуначи. Овие од раководството се перчеа и се кострешеа.

4. (прен.) Се возбудува, се срди за нешто. Се костреши пред опасноста од нова војна. Се кострешат, се лутат на неговите шеги.

Коњугација: се кострешат.

Изведени зборови:

  • кострешење, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

костреши се, се кострешат несв. 1. За животни, птици – подига тело, влакна, пердуви. Перјата му се кострешеа. 2. За коса и веѓи – неуредно стрчи на разни страни. Над очите се кострешеа црни веѓи. 3. (прен.) Покажува надменост, сила; се јуначи. Овие од раководството се перчеа и се кострешеа. 4. (прен.) Се возбудува, се срди за нешто. Се костреши пред опасноста од нова војна. Се кострешат, се лутат на неговите шеги. ‖ глаг. им. кострешење ср.