костур

Именка, машки род

Значење на костур:

1. Сите коски заедно, коскената конструкција на човечко или на животинско тело; скелет.

2. (разг., прен.) Многу слаб човек. Костур се стори од болеста. Жив костур.

3. За зграда и сл. – носечка конструкција. Направи куќичка со дрвен костур и ѕидови од плитар.

4. (прен.) Тоа што служи како основа за понатамошна работа, главни црти на нешто; скица, нацрт. Костур на книгата.

Множина: костури.

Оригинални податоци:

костур, мн. костури м. 1. Сите коски заедно, коскената конструкција на човечко или на животинско тело; скелет. 2. (разг., прен.) Многу слаб човек. Костур се стори од болеста. Жив костур. 3. За зграда и сл. – носечка конструкција. Направи куќичка со дрвен костур и ѕидови од плитар. 4. (прен.) Тоа што служи како основа за понатамошна работа, главни црти на нешто; скица, нацрт. Костур на книгата.