котел
Значење на котел:
1. Голем метален сад за готвење или за греење вода со тркалезен облик, со широко дно и рачка одозгора за закачување. Виси котелот над огништето.
2. (техн.) Затворен сад во којшто водата со загревање се претвора во пареа. Парен котел.
Множина: котли.
Изведени зборови:
- котле, и. ср. мн. котлиња и котленце, мн. котленца дем. и хип.
- котлиште, и. ср. аугм. и пејор.
Фразеолошки израз / поговорка:
Врие како во котел – има голем метеж, голема мешаница.
Оригинални податоци:
котел, мн. котли м. 1. Голем метален сад за готвење или за греење вода со тркалезен облик, со широко дно и рачка одозгора за закачување. Виси котелот над огништето. 2. (техн.) Затворен сад во којшто водата со загревање се претвора во пареа. Парен котел. ◊ Врие како во котел – има голем метеж, голема мешаница. ‖ котле, мн. котлиња ср. и котленце, мн. котленца ср. дем. и хип. ‖ котлиште, мн. котлишта ср. аугм. и пејор.