кован
Значење на кован:
1. Што е изработен од метал; што е изработен со ковење. Дворот беше со ограда од ковано железо. Ковани пари.
2. Што е украсен со метални, ковани делови. Кована врата. Кован сандак.
3. Што е поткован. Кован коњ.
Членувана форма: кованиот.
Оригинални податоци:
кован, кованиот прид. 1. Што е изработен од метал; што е изработен со ковење. Дворот беше со ограда од ковано железо. Ковани пари. 2. Што е украсен со метални, ковани делови. Кована врата. Кован сандак. 3. Што е поткован. Кован коњ.