ковчег

Именка, машки род

Значење на ковчег:

1. Дрвен сандак со капак во кој се чува облека, различни скапоцености и сл. Во дното на собичката, стоеше нејзиниот невестински ковчег.

2. Патна торба, куфер. Кондуктерот ги симна големите ковчези заклучени со тешки катинари.

3. Дрвен сандак за погребување на умрени. Мртовечки ковчег.

Множина: ковчези.

Изведени зборови:

  • ковчеже, и. ср. дем.

Фразеолошки израз / поговорка:

Ноев ковчег – според Библијата, коработ со кој Ное со своето семејство и животните се спасил од светскиот потоп.

Оригинални податоци:

ковчег, мн. ковчези м. 1. Дрвен сандак со капак во кој се чува облека, различни скапоцености и сл. Во дното на собичката, стоеше нејзиниот невестински ковчег. 2. Патна торба, куфер. Кондуктерот ги симна големите ковчези заклучени со тешки катинари. 3. Дрвен сандак за погребување на умрени. Мртовечки ковчег. ◊ Ноев ковчег – според Библијата, коработ со кој Ное со своето семејство и животните се спасил од светскиот потоп. ‖ ковчеже, мн. ковчежиња ср. дем.