кове
Значење на кове:
1. Удира со чекан врз усвитено парче метал, за да му даде определена форма или за да изработи некаков предмет. Ковачот го ковеше железото со тешкиот чекан.
2. Изработува метални пари.
3. Удирајќи со чекан и сл., забодува остар предмет (шајка, колец итн.) во нешто. Татко ѝ коваше некаква поличка.
4. Потковува животно. Налбатинот ги кове коњите на свадбарите.
5. (прен.) Создава, подготвува, смислува нешто (план, заговор, зборови и сл.). Во литературата имаме најизразито јазично творештво и тука се кове јазикот. Луѓето од околината ковеа завера против него. Тие ковеа планови за нивниот заеднички живот. Јас ковев страшна одмазда, но знаев деке немам сили да ја остварам.
Коњугација: коваа , ковав , ковал, коват , ковеа , ковев , ковел , ковен , ковете , кови .
Изведени зборови:
- ковење, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Железото се кове додека е жешко. (посл.) – работите се решаваат кога им е време.
Оригинални податоци:
кове, коват; кови, ковете; ковев, ковеа; ковел; ковен; ковав, коваа; ковал несв. 1. Удира со чекан врз усвитено парче метал, за да му даде определена форма или за да изработи некаков предмет. Ковачот го ковеше железото со тешкиот чекан. 2. Изработува метални пари. 3. Удирајќи со чекан и сл., забодува остар предмет (шајка, колец итн.) во нешто. Татко ѝ коваше некаква поличка. 4. Потковува животно. Налбатинот ги кове коњите на свадбарите. 5. (прен.) Создава, подготвува, смислува нешто (план, заговор, зборови и сл.). Во литературата имаме најизразито јазично творештво и тука се кове јазикот. Луѓето од околината ковеа завера против него. Тие ковеа планови за нивниот заеднички живот. Јас ковев страшна одмазда, но знаев деке немам сили да ја остварам. ◊ Железото се кове додека е жешко. (посл.) – работите се решаваат кога им е време. ‖ глаг. им. ковење ср.