кожа
Значење на кожа:
1. (само едн.) (анат.) Надворешна обвивка што го покрива телото на човек или на животно. Мазна кожа. Збрчкана кожа. Кожата го покрива и го заштитува животинското тело.
2. Таква обвивка, одрана од животно и обработена, што служи за изработка на различни предмети. Носеше капа од јагнешка кожа. Штавена кожа. Говедска кожа. Селаните носеа ќуркови, поставени одвнатре со кожа.
3. Надворешна обвивка на некои плодови; лушпа, кора.
4. кајмак.
Множина: кожи.
Фразеолошки израз / поговорка:
Коска и кожа – многу слаб. Си ја чува кожата – избегнува судири, непријатности. Кожата му се наежи – се исплаши. Има дебела кожа – е неосетлив на навреди, на критики. Ја спаси кожата – се спаси, остане жив и здрав. Од оваа кожа во друга не се влегува – не може ништо да се направи, не може да се избегне некаква неволја. Да не си му во кожата – да не си на негово место, да не си во негова положба. Му влезе под кожа – се додвори некому. Му ја одра кожата – искористи, ограби некого. Да излезе човек од кожа – изгуби трпение и самоконтрола. Исфрли (извади) од кожа некого – направи да изгуби трпение, самоконтрола, извади од такт некого.
Оригинални податоци:
кожа, мн. кожи ж. 1. (само едн.) (анат.) Надворешна обвивка што го покрива телото на човек или на животно. Мазна кожа. Збрчкана кожа. Кожата го покрива и го заштитува животинското тело. 2. Таква обвивка, одрана од животно и обработена, што служи за изработка на различни предмети. Носеше капа од јагнешка кожа. Штавена кожа. Говедска кожа. Селаните носеа ќуркови, поставени одвнатре со кожа. 3. Надворешна обвивка на некои плодови; лушпа, кора. 4. сп. кајмак. ◊ Коска и кожа – многу слаб. Си ја чува кожата – избегнува судири, непријатности. Кожата му се наежи – се исплаши. Има дебела кожа – е неосетлив на навреди, на критики. Ја спаси кожата – се спаси, остане жив и здрав. Од оваа кожа во друга не се влегува – не може ништо да се направи, не може да се избегне некаква неволја. Да не си му во кожата – да не си на негово место, да не си во негова положба. Му влезе под кожа – се додвори некому. Му ја одра кожата – искористи, ограби некого. Да излезе човек од кожа – изгуби трпение и самоконтрола. Исфрли (извади) од кожа некого – направи да изгуби трпение, самоконтрола, извади од такт некого.