кожичка
Значење на кожичка:
1. Дем. од кожа; мала и/или тенка кожа. На некои места по кожичката му се оцртуваа жиличките.
2. Обвивка на внатрешните органи или празнини; слузокожа; тенка и нежна кожа воопшто. Си ја подгриза кожичката на усните.
3. кожа 3. Пред варењето се лупи кожичката на портокалот.
4. Ткиво што личи на кожа, кожна мембрана. Жабата има кожичка меѓу прстите.
5. кајмак.
Множина: кожички.
Фразеолошки израз / поговорка:
Кожичката ќе ти ја одерам – закана.
Оригинални податоци:
кожичка, мн. кожички ж. 1. Дем. од кожа; мала и/или тенка кожа. На некои места по кожичката му се оцртуваа жиличките. 2. Обвивка на внатрешните органи или празнини; слузокожа; тенка и нежна кожа воопшто. Си ја подгриза кожичката на усните. 3. в. кожа 3. Пред варењето се лупи кожичката на портокалот. 4. Ткиво што личи на кожа, кожна мембрана. Жабата има кожичка меѓу прстите. 5. сп. кајмак. ◊ Кожичката ќе ти ја одерам – закана.