краде
Значење на краде:
1. Присвојува нешто туѓо без дозвола на сопственикот. Краде круши. Краде автомобили. Краде пари.
2. Присвојува туѓо дело; прави плагијат. Во науката некои препишуваат и крадат.
3. Граба мома без знаење на нејзините родители. Вечер ќе го крадеме девојчето од дома.
4. Мами во играње со карти. Секогаш краде на покер.
Коњугација: крадат , крадеа , крадев , крадејќи , крадел , краден , крадете , кради , крадоа , крадов , крал.
Изведени зборови:
- крадење, глаг. им. ср.
- се ~ краде, 1. Се присвојува нешто. Еден со друг се крадеа и се лажеа. 2. Оди, излегува без дозвола, кришум. Момчето се крадеше од интернатот.
Оригинални податоци:
краде, крадат; кради, крадете; крадев, крадеа; крадел; краден; крадејќи; крадов, крадоа; крал несв. 1. Присвојува нешто туѓо без дозвола на сопственикот. Краде круши. Краде автомобили. Краде пари. 2. Присвојува туѓо дело; прави плагијат. Во науката некои препишуваат и крадат. 3. Граба мома без знаење на нејзините родители. Вечер ќе го крадеме девојчето од дома. 4. Мами во играње со карти. Секогаш краде на покер. ● се ~ 1. Се присвојува нешто. Еден со друг се крадеа и се лажеа. 2. Оди, излегува без дозвола, кришум. Момчето се крадеше од интернатот. ‖ глаг. им. крадење ср.