крај
Значење на крај:
1. Завршок на населено место или на некаква површина. Крајот на градот. На крајот на нивата. На крајот на светот.
2. Дел од населено место, кварт. Имаат куќа во најубавиот крај на градот. Живее во сиромашниот крај.
3. Покраина, област, предел. Планински крај. Приморски крај. Северен крај. Револуционерен крај.
4. Родно место, татковина. Роден крај.
5. Раб, црта, крајна страна на нешто. Дојде до крајот на улицата. Седна на крајот од каучот.
6. Завршок на некој предмет. Го пресече крајот на мушамата.
7. Последен момент или период од нешто минливо. Крај на годината. Крај на работното време.
8. (прен., само едн.) Смрт. Му се ближи крајот.
9. Разврска. Среќен крај. Тажен крај.
Множина: краеви, краишта, краја, крајови.
Членувана форма: крајот.
Изведени зборови:
- крајче, и. ср. мн. крајчиња ; крајченце, мн. крајченца дем.
Фразеолошки израз / поговорка:
Го извлече подебелиот крај – настрада. Којзнае кај ќе му излезе крајот – којзнае како ќе биде, како ќе заврши. Му го најде крајот – успеа да направи нешто, најде излез. На крај на ум не ми иде – не ни помислувам на тоа. Не му се гледа крајот – не се знае кога ќе заврши. Одвај врзува крај со крај – одвај успева да преживее со малку. Стапот има два краја – во судир двете страни може да настрадаат, неизвесно е која.
Оригинални податоци:
крај, крајот мн. краеви и крајови, краишта, избр. мн. краја м. 1. Завршок на населено место или на некаква површина. Крајот на градот. На крајот на нивата. На крајот на светот. 2. Дел од населено место, кварт. Имаат куќа во најубавиот крај на градот. Живее во сиромашниот крај. 3. Покраина, област, предел. Планински крај. Приморски крај. Северен крај. Револуционерен крај. 4. Родно место, татковина. Роден крај. 5. Раб, црта, крајна страна на нешто. Дојде до крајот на улицата. Седна на крајот од каучот. 6. Завршок на некој предмет. Го пресече крајот на мушамата. 7. Последен момент или период од нешто минливо. Крај на годината. Крај на работното време. 8. (прен., само едн.) Смрт. Му се ближи крајот. 9. Разврска. Среќен крај. Тажен крај. ◊ Го извлече подебелиот крај – настрада. Којзнае кај ќе му излезе крајот – којзнае како ќе биде, како ќе заврши. Му го најде крајот – успеа да направи нешто, најде излез. На крај на ум не ми иде – не ни помислувам на тоа. Не му се гледа крајот – не се знае кога ќе заврши. Одвај врзува крај со крај – одвај успева да преживее со малку. Стапот има два краја – во судир двете страни може да настрадаат, неизвесно е која. ‖ крајче, мн. крајчиња ср.; крајченце, мн. крајченца ср. дем.