крак
Значење на крак:
1. (дијал.) Нога. Крастата се ширеше по краците над колената.
2. Тоа што по обликот наликува на нозе или што во целината на предметот, телото има уочлива должина. Краци од шестар. Краци од ножици. Краци на крст. Краци на ѕвезда.
3. Издолжен дел од телото на некои животни (медуза, октопод, рак и др.).
4. Дел што се одвојува од нешто (железничка линија, река, одвод итн.) и продолжува во друг правец. Железнички крак. Реката се делеше на два крака.
5. (мат.) Една од правите линии што го формираат аголот. Рамнокракиот триаголник има еднакви краци.
Множина: крака, краци.
Оригинални податоци:
крак, мн. краци, избр. мн. крака м. 1. (дијал.) Нога. Крастата се ширеше по краците над колената. 2. Тоа што по обликот наликува на нозе или што во целината на предметот, телото има уочлива должина. Краци од шестар. Краци од ножици. Краци на крст. Краци на ѕвезда. 3. Издолжен дел од телото на некои животни (медуза, октопод, рак и др.). 4. Дел што се одвојува од нешто (железничка линија, река, одвод итн.) и продолжува во друг правец. Железнички крак. Реката се делеше на два крака. 5. (мат.) Една од правите линии што го формираат аголот. Рамнокракиот триаголник има еднакви краци.