крал
Значење на крал:
1. Највисока наследна титула на монарх во некои држави, тој што ја носи таа титула.
2. (прен.) Голем познавач, мајстор, најголем претставник во некоја област. Тој е крал за компјутери. Крал на џезот.
3. а) Шаховска фигура. б) Карта од шпилот за играње, втора по вредност, на која има слика на маж со круна. Шпилот има четири крала.
Множина: крала, кралеви.
Алтернативно: кралови
Изведени зборови:
- кралски, прил. Живее кралски.
- кралски, прид. кралскиот Кралски дворец. Кралско семејство.
- кралче, и. ср. 1. Дем. од крал. На престолот доаѓа кралче. 2. Син на кралот, принц. На кралот му се роди кралче.
Оригинални податоци:
крал, мн. кралеви и кралови, избр. мн. крала м. 1. Највисока наследна титула на монарх во некои држави, тој што ја носи таа титула. 2. (прен.) Голем познавач, мајстор, најголем претставник во некоја област. Тој е крал за компјутери. Крал на џезот. 3. а) Шаховска фигура. б) Карта од шпилот за играње, втора по вредност, на која има слика на маж со круна. Шпилот има четири крала. ‖ кралче, мн. кралчиња ср. 1. Дем. од крал. На престолот доаѓа кралче. 2. Син на кралот, принц. На кралот му се роди кралче. ‖ кралски, кралскиот прид. Кралски дворец. Кралско семејство. ‖ кралски прил. Живее кралски.