краси

Глагол, несвршен

Значење на краси:

1. Прави да изгледа убаво; дава убав изглед. Секогаш ја краси шапка на главата.

2. Се одликува со нешто добро, убаво. Добри особини го красат овој човек.

Коњугација: красат.

Изведени зборови:

  • се ~ краси, Се краси со прстени и ѓердани.

Фразеолошки израз / поговорка:

Руба краси, руба гнаси – облеката го прави човекот.

Оригинални податоци:

краси, красат несв. 1. Прави да изгледа убаво; дава убав изглед. Секогаш ја краси шапка на главата. 2. Се одликува со нешто добро, убаво. Добри особини го красат овој човек. ● се ~ Се краси со прстени и ѓердани. ◊ Руба краси, руба гнаси – облеката го прави човекот.