краставица
Значење на краставица:
Градинарско едногодишно растение со зелени долги месести плодови; Cucumis sativus. Прави салата од краставици.Множина: краставици.
Изведени зборови:
- краставиче, и. ср. дем.
- краставичка, и. ж. 1. дем. 2. Вид мала краставица; корнишон. Кисели краставички.
Фразеолошки израз / поговорка:
Дива краставица (краставичка) – лековита билка со плодови слични на краставица со ситни боцки, полни со сок и ситни семчиња; Ecballium elaterium.
Оригинални податоци:
краставица, мн. краставици ж. Градинарско едногодишно растение со зелени долги месести плодови; Cucumis sativus. Прави салата од краставици. ‖ краставичка, мн. краставички ж. 1. дем. 2. Вид мала краставица; корнишон. Кисели краставички. ‖ краставиче, мн. краставичиња ср. дем. ◊ Дива краставица (краставичка) – лековита билка со плодови слични на краставица со ситни боцки, полни со сок и ситни семчиња; Ecballium elaterium.