кречетало

Именка, среден род

Значење на кречетало:

1. Штичка што се удира во воденичкиот камен и лесно го ниша кошот на него, при што паѓаат зрната меѓу камењата и се мелат.

2. Детска играчка што дава звук сличен на воденичката штичка. Децата си играа со кречетала.

3. (прен., разг.) Тој што многу зборува; брборко. Чаршиски кречетала.

Множина: кречетала.

Оригинални податоци:

кречетало, мн. кречетала ср. 1. Штичка што се удира во воденичкиот камен и лесно го ниша кошот на него, при што паѓаат зрната меѓу камењата и се мелат. 2. Детска играчка што дава звук сличен на воденичката штичка. Децата си играа со кречетала. 3. (прен., разг.) Тој што многу зборува; брборко. Чаршиски кречетала.