кредит

Именка, машки род

Значење на кредит:

1. Давање пари, стоки и сл. на користење за определено време и со определена камата. Краткорочен кредит. Потрошувачки кредит. Станбен кредит.

2. Сума што му се става некому на располагање за определени цели. Владата ќе додели земјоделски кредити.

3. (прен.) Доверба што ја ужива некој во поглед на извршувањето на своите обврски. Партиите веќе немаат политички кредит кај народот.

Множина: кредити.

Оригинални податоци:

кредит, мн. кредити м. 1. Давање пари, стоки и сл. на користење за определено време и со определена камата. Краткорочен кредит. Потрошувачки кредит. Станбен кредит. 2. Сума што му се става некому на располагање за определени цели. Владата ќе додели земјоделски кредити. 3. (прен.) Доверба што ја ужива некој во поглед на извршувањето на своите обврски. Партиите веќе немаат политички кредит кај народот.