крепа
Значење на крепа:
1. Парче од карпа, камен. Децата си играа со крепи. Седна на високата крепа.
2. (прен.) Што личи на откршен камен, на карпа. Извадивме толкави големи крепи мед од улиштето. Грабнал една крепа сирење.
3. (прен.) Тежина. Ми падна крепа од срцето.
Множина: крепи.
Оригинални податоци:
крепа, мн. крепи ж. 1. Парче од карпа, камен. Децата си играа со крепи. Седна на високата крепа. 2. (прен.) Што личи на откршен камен, на карпа. Извадивме толкави големи крепи мед од улиштето. Грабнал една крепа сирење. 3. (прен.) Тежина. Ми падна крепа од срцето.