кревок

Придавка

Значење на кревок:

1. За растение – лесно кршлив, свеж, сочен. Кревки гранки. Кревка зелка.

2. За месо – нежилаво, лесно за варење и за јадење. Кревко јагнешко. Кревко пиле.

3. (прен.) Нежен, слаб. Кревка девојка. Кревко здравје.

Членувана форма: кревкиот.

Изведени зборови:

  • кревкост, и. ж.

Оригинални податоци:

кревок, кревкиот прид. 1. За растение – лесно кршлив, свеж, сочен. Кревки гранки. Кревка зелка. 2. За месо – нежилаво, лесно за варење и за јадење. Кревко јагнешко. Кревко пиле. 3. (прен.) Нежен, слаб. Кревка девојка. Кревко здравје. ‖ кревкост ж.