крие
Значење на крие:
1. Стави нешто (материјално) на скришно место да не може друг да го најде. Крие пари. Крие оружје.
2. Оневозможи да се види, затскрие. Густите дрвореди ги криеја ниските, приземни куќички.
3. Држи, чува во тајност да не се дознае. Од мене немој ништо да криеш.
4. (прен.) Има, содржи (носи, поседува) во себе нешто што не се забележува веднаш. Атомот крие во себе огромна енергија. Војната крие многу опасности.
Коњугација: крив , криев , криеја , криејќи , криел , криен , криј , крија , кријат , кријте , крил.
Изведени зборови:
- криење, глаг. им. ср.
- се ~ крие, 1. Не сака да се покаже пред некого. Тој се крие од мене. 2. Се засолнува негде (во тајност, од опасност). Тие се криеја во шумите. Луѓето се криеја од бомбите. 3. (прен., само 3 л.) Не се појавува веднаш; се наоѓа, е содржан во не толку забележлива форма. Во оваа глава се крие голем ум. Тука се кријат големи можности.
Оригинални податоци:
крие, кријат; криј, кријте; криев, криеја; криел; криен; криејќи; крив, крија; крил несв. 1. Стави нешто (материјално) на скришно место да не може друг да го најде. Крие пари. Крие оружје. 2. Оневозможи да се види, затскрие. Густите дрвореди ги криеја ниските, приземни куќички. 3. Држи, чува во тајност да не се дознае. Од мене немој ништо да криеш. 4. (прен.) Има, содржи (носи, поседува) во себе нешто што не се забележува веднаш. Атомот крие во себе огромна енергија. Војната крие многу опасности. ● се ̴ 1. Не сака да се покаже пред некого. Тој се крие од мене. 2. Се засолнува негде (во тајност, од опасност). Тие се криеја во шумите. Луѓето се криеја од бомбите. 3. (прен., само 3 л.) Не се појавува веднаш; се наоѓа, е содржан во не толку забележлива форма. Во оваа глава се крие голем ум. Тука се кријат големи можности. ‖ глаг. им. криење ср.