крик

Именка, машки род

Значење на крик:

1. Силен, остар извик (од болка, страв, ужас, од големо изненадување и сл.). Тажен крик. Продорен крик.

2. Остар, силен, краток и висок глас на птица. Во шумата се слушна див крик на некоја птица.

3. (прен.) Силен, очаен израз на некое чувство. Ја чувствував твојата самотија и твојот крик за помош.

Множина: крикови.

Фразеолошки израз / поговорка:

Последен крик на модата – тоа што е најново во модата.

Оригинални податоци:

крик, мн. крикови м. 1. Силен, остар извик (од болка, страв, ужас, од големо изненадување и сл.). Тажен крик. Продорен крик. 2. Остар, силен, краток и висок глас на птица. Во шумата се слушна див крик на некоја птица. 3. (прен.) Силен, очаен израз на некое чувство. Ја чувствував твојата самотија и твојот крик за помош. ◊ Последен крик на модата – тоа што е најново во модата.