крило

Именка, среден род

Значење на крило:

1. а) Орган за летање кај птиците и некои инсекти. Орелот шири крилја. б) Таков орган кај некои митолошки суштества.

2. Едната страна од нешто што се сфаќа како симетрично. а) Страничен дел од летало (на авион, едрилица). Крило на авион. б) Едната страна на изграден објект. Крило на зграда. в) (анат.) Дел од орган во телото на човек или на животно. Белодробно крило. г) (геогр.) Страна на возвишение.

3. (прен.) Дел од врата, прозорец што се отвора и затвора; пола. Крило на прозорец.

4. (воен.) Десна и лева страна на војската распоредени во борбени редови. Непријателската војска го заобиколи левото крило.

5. (спорт.) Играч на левата или на десната страна во распоредот на играчите на игралиштето. На позиција на десно крило играше најдобриот наш фудбалер.

6. Група во политичка партија или во некаква организација која се разликува во своето идеолошко-програмско сфаќање. Тврдото крило на партијата.

7. (прен.) Заштита. Под крилото на бога.

Множина: крила, крилја.

Изведени зборови:

  • крилце, и. ср. дем. и хип. кон зн. 1 и 2.

Фразеолошки израз / поговорка:

Ми (ти, му...) ги потсекоа крилјата – ограничување во нешто. Ги рашири крилјата – е во полет, има слобода.

Оригинални податоци:

крило, мн. крилја (на птица), крила (на неживо) ср. 1. а) Орган за летање кај птиците и некои инсекти. Орелот шири крилја. б) Таков орган кај некои митолошки суштества. 2. Едната страна од нешто што се сфаќа како симетрично. а) Страничен дел од летало (на авион, едрилица). Крило на авион. б) Едната страна на изграден објект. Крило на зграда. в) (анат.) Дел од орган во телото на човек или на животно. Белодробно крило. г) (геогр.) Страна на возвишение. 3. (прен.) Дел од врата, прозорец што се отвора и затвора; пола. Крило на прозорец. 4. (воен.) Десна и лева страна на војската распоредени во борбени редови. Непријателската војска го заобиколи левото крило. 5. (спорт.) Играч на левата или на десната страна во распоредот на играчите на игралиштето. На позиција на десно крило играше најдобриот наш фудбалер. 6. Група во политичка партија или во некаква организација која се разликува во своето идеолошко-програмско сфаќање. Тврдото крило на партијата. 7. (прен.) Заштита. Под крилото на бога. ◊ Ми (ти, му...) ги потсекоа крилјата – ограничување во нешто. Ги рашири крилјата – е во полет, има слобода. ‖ крилце, мн. крилца ср. дем. и хип. кон зн. 1 и 2.