кристален
Значење на кристален:
1. Што е од кристал. Кристална ваза. Кристални чаши.
2. (прен.) Што е чист; јасен, провиден, бистар. Кристална душа. Кристално небо. Кристална вода.
Членувана форма: кристалниот.
Изведени зборови:
- кристално, прил. Воздухот беше кристално чист и јасен. Над нив кружеа птици чии гласови кристално одѕвонуваа.
- кристалност, и. ж.
Оригинални податоци:
кристален, кристалниот прид. 1. Што е од кристал. Кристална ваза. Кристални чаши. 2. (прен.) Што е чист; јасен, провиден, бистар. Кристална душа. Кристално небо. Кристална вода. ‖ кристално прил. Воздухот беше кристално чист и јасен. Над нив кружеа птици чии гласови кристално одѕвонуваа. ‖ кристалност ж.