кристализира
Значење на кристализира:
1. Стане, станува кристал. Многу минерали при определени услови кристализираат.
2. (прен.) Утврди, утврдува нешто во постојан, во определен облик. Тој го кристализира своето мислење. На седницата опозицијата го кристализира својот став во врска со изборите.
Коњугација: кристализираат , кристализирајќи.
Изведени зборови:
- кристализирање, глаг. им. ср.
- се ~ кристализира, 1. Се претвори во кристал, премине во кристална состојба. Водата се кристализира во ситни иглички мраз. 2. (прен.) Се изјасни, придобие јасен, конечен облик. Нивните односи се кристализираа.
Оригинални податоци:
кристализира, кристализираат; кристализирајќи св. и несв. 1. Стане, станува кристал. Многу минерали при определени услови кристализираат. 2. (прен.) Утврди, утврдува нешто во постојан, во определен облик. Тој го кристализира своето мислење. На седницата опозицијата го кристализира својот став во врска со изборите. ● се ̴ 1. Се претвори во кристал, премине во кристална состојба. Водата се кристализира во ситни иглички мраз. 2. (прен.) Се изјасни, придобие јасен, конечен облик. Нивните односи се кристализираа. ‖ глаг. им. кристализирање ср.