крив
Значење на крив:
1. Свиткан, извиен, што не е прав; што има искривен облик. Криви патишта. Крива река. Криво рало. Крив нож. Криви рогови.
2. Што не е исправен, што е навален на една страна. Крива кула. Расте крива круша.
3. Што е неправилен. Криво колено. Крив колк. Крив нос.
4. За човек, животно – куц. Кривиот човек. Криво куче.
5. Виновен. Тој е крив за сѐ! Кој е крив, а кој прав? 6. Погрешен, неправилен. Крива пресметка. На крив пат е.
Членувана форма: кривиот.
Фразеолошки израз / поговорка:
Криво и слепо – сите. По крив пат тргна – погрешно постапува, греши.
Оригинални податоци:
крив, кривиот прид. 1. Свиткан, извиен, што не е прав; што има искривен облик. Криви патишта. Крива река. Криво рало. Крив нож. Криви рогови. 2. Што не е исправен, што е навален на една страна. Крива кула. Расте крива круша. 3. Што е неправилен. Криво колено. Крив колк. Крив нос. 4. За човек, животно – куц. Кривиот човек. Криво куче. 5. Виновен. Тој е крив за сѐ! Кој е крив, а кој прав? 6. Погрешен, неправилен. Крива пресметка. На крив пат е. ◊ Криво и слепо – сите. По крив пат тргна – погрешно постапува, греши.