кривина

Именка, женски род

Значење на кривина:

1. Искривеност, отстапување од правата линија или од рамната површина; нерамнина. Бокал со тркалезни кривини. Старечка кожа со кривини и бразди.

2. За пат, река – свијок, свртување, искривен дел. Ги совладува кривините на патот. Речна кривина.

3. Вина.

4. Неправда, лага, невистина. Правината ја надможува кривината. Господ дал и правина и кривина.

Множина: кривини.

Оригинални податоци:

кривина, мн. кривини ж. 1. Искривеност, отстапување од правата линија или од рамната површина; нерамнина. Бокал со тркалезни кривини. Старечка кожа со кривини и бразди. 2. За пат, река – свијок, свртување, искривен дел. Ги совладува кривините на патот. Речна кривина. 3. Вина. 4. Неправда, лага, невистина. Правината ја надможува кривината. Господ дал и правина и кривина.